Два гола, еден од нив од слободен удар и две асистенции на Лионел Меси, беа доволни Барселона да го декласира Валјадолид 5:1.
Фудбалскиот свет денес му се восхитува на Аргентинецот, а по мечот директорот на Валјадолид Давид Еспинар на необичен начин ја опишал генијалноста на Меси.
„Меси ви е како големите сипаници. Нема вакцина против него“, рекол Еспинар.