Европската фудбалска унија (УЕФА) парично го казни Партизан поради пропустите на натпреварот против АЗ Алкмар, одигран во рамките на првото коло во Л-групата, во Лигата на Европа.
УЕФА пред мечот со АЗ Алкмар го казни Партизан со два натпревари без публика поради расистичките скандирања на натпреварот со Малатија.
На дуелот со Холанѓаните на трибините имало само деца на возраст до 14 години.
Партизан ќе мора да плати во касата на УЕФА 5.125 евра. Во образложението за казната УЕФА наведува дека на дуелот со АЗ Алкмар на теренот биле фрлани разни предмети.