Радио „Марка“ во средата објави дека Атлетико Мадрид со внимание ја следеле ситуацијата околу Иван Ракитиќ. „Јорганџиите“ биле подготвени да го донесат во јануари хрватскиот репрезентативец на „Метрополитано“.
Диего Симеоне и Атлетико два пати се обиделе во минатото да го донесат Ракитиќ: во 2011 година кога Хрватот заминувал од Шалке и во 2014 кога од Севилја се преселил во Барселона.
Истиот извор наведува дека главен адут на Атлетико може да биде семејството на Ракитиќ, односно желбата на неговата сопруга да не ја напушта Шпанија.
„Ракитиќ е совршен играч за тимот на Диего Симеоне“, тврди „Марка“.
Инаку медиумите шпекулираат дека голем најголем интерес за Ракитиќ има кај Интер и Јувентус.