Top Sport

Делпо: Емотивно бев празен по освоениот медал на ОИ

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро се надева дека во 2018 година ќе го заобиколат повредите и дека ќе ја одигра целата сезона.

Делпо сезоната ќе ја почне во Оукленд, турнир кој ќе му послужи како подготовка за првиот гренд-слем во сезоната, Аустралијан опен.

„По освојувањето на олимпискиот медал и Дејвис купот ми беше тешко ментално да се мотивирам. Целосно бев испразнат, ми беше тешко да најдам мотив…Но, сега вредно работам за да можам да настапам на турнирите на кои не играв минатата година. Секогаш настојувам на турнирите да стигнам најдалеку што можам, но во Мелбурн секогаш е жешко и се случуваат изненадувања“, рекол Делпо, кој на Аустралијан опен во кариерата двапати стигнал до четврт-финалето (2009, 2012).

„Се надевам дека добро ќе ја почнам сезоната, првата половина е важна, лани на почетокот не играв добро. Ако сега почнам добро, ќе можам да напредувам на листата. Сакам да бидам во формата што ја имав во САД, во Шангај и Базел“, дополнил Аргентинецот, кој во кариерата има освоено 20 титули, од кои највредна е онаа од Њујорк кога го освои својот прв и засега единствен гренд-слем турнир.

Хуан Мартин дел Потро новата сезона ќе ја почне од 11.место на АТП-листата.

Scroll to Top