Ништо не може да го изнервира Кристијано Роналдо како споменувањето на името на Лионел Меси на натпреварите на Реал Мадрид.
На вчерашниот натпревар со Ал Џазира во полуфиналето на Светското клупско првенство навивачите во еден момент почнаа да го скандираат името на Меси, а реакцијата на Португалецот стана хит на социјалните мрежи.
Не успеа да остане мирен и да ја игнорира публиката туку застана во став и им ги покажа мускулите, што предизвика хистерија на стадионот.
Инаку, Реал успеа да се пласира во финалето на клупското СП откако со пресврт ја победи Ал Џазира 2.1. Кристијано го постигна израмнувачкиот гол за Реал.