Легендата на Баерн Минхен, Оливер Кан вели дека жали што ја пропуштил шансата да заигра за Манчестер јунајтед под Сер Алекс Фергусон.
Кан има најмногу настапи во историјата на Бундеслигата, дури 557, но сега признава дека во зенитот на својата кариера имал контакт со Сер Алекс Фергусон.
„Сер Алекс Фергусон сè уште ми е лут, дури и денеска. Мислеше дека ќе направам трансфер во 2003 или 2004 година, но јас сакав да дефинирам една ера во Баерн. Ако погледнам наназад, требаше да го направам тоа бидејќи ќе беше прав предизвик“, вели Кан во интервју за „Билд“.
Кан беше на голот и кога се случи драматичниот кам-бек на Јунајтед во финалето на ЛШ во 1999 година, кога со два гола во финишот на мечот, англискиот тим го победи Баерн. Кан имал посебен начин да се справи со тој пораз.
„Се сеќавам на финалето од Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед како победа. Само ги заборавив последните две минути“, се шегува Кан.
И покрај тоа разочарување, Кан ја освои титулата од Лигата на шампионите со Баерн во 2000/01, а во кариерата освои и осум титули од Бундеслигата. Со Германија, тој беше шампион на Европското првенство во 1996, а во 2002 година беше во тимот кој загуби од Бразил во финалето во Јужна Африка, како и во третопласираниот тим на домашен терен во 2006.