Џенаро Гатузо веројатно ќе биде новиот тренер на Удинезе. На функцијата тој ќе го наследи Игор Тудор.
Удинезе, чии член е македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, игра катастрофално во изминатите три недели. Лошата форма на тимот кулминираше со дебаклот кај Аталанта (7:1) и синоќешниот пораз од Рома (4:0).
Италијанските медиуми шпекулираат дека прашање на часови е кога клубот ќе му го врачи отказот на тренерот кој минатата сезона успеа да избори опстанок.
Гатузо бил прв избор на клупските челници.
Џенаро Гатузо од декември 2017 до мај 2019 година го предводеше Милан. Во кариерата работел и во Пиза, ОФИ Крит, Палермо и Сион.