Top Sport

Невидено во тенисот: Со дивјачки испад го повредил линискиот судија (Видео)

Скандал невиден на тениските терени предизвикал Американецот Мајкл Мох. На челинџерот што се игра во Шарлотвил, 21 годишниот тенисер го удрил линискиот судија.

Мох во второто коло играл против Даријан Кинг од Барбадос. При резултат 6:3, 4:1 за Кинг, Мох згрешил во играта на мрежа. Видно изнервиран тој го фрлил рекетот зад себе и го погодил линискиот судија.

Впечаток е дека несреќниот судија се здобил со посериозни повреди.

Мох автоматски бил дисквалификуван од турнирот. Извесно е дека го очекува долга суспензија.

Инцидентот е бизарен бидејќи противникот на Мох, Кинг поради сличен испад пред две години бил дисквалификуван од истиот турнир.

Scroll to Top