Вашингтон Нешналс прв пат во својата историја ја освоија титулата во МЛБ бејзбол лигата. Во решавачкиот седми натпревар Вашингтон во тексас ги победија Хјустон Асторс со 6:2.
Екипата од престолнината на САД, пред 43.000 противнички навивачи имаше негатива од 2:0, но потоа со пресврт ја освоија титулата.
Ова беше 40 пат во историјата шампионот да биде добиен по седум натпревари, а вистински раритет е податокот дека ниту еден тим не ја искористил предноста на домашниот терен. Вашингтон ги добиле првите два натпревари во Хјустон, а со иста мерка возвратиле Асторс на теренот на противниците победувајќи во трите натпревари, а потоа Вашингтон г добиле мечевите шест и седум во Тексас.
За МВП на финалната серија е прогласен Стивен Страсбур.
RAISE IT. #CHAMPS pic.twitter.com/ufdyD38WCj
— MLB (@MLB) October 31, 2019