Top Sport

„Џака на секој меч носи 400 погрешни одлуки“

Гери Невил, поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, упатил низа критики за играта и однесувањето на Гранит Џака. Капитенот на Арсенал неколку дена е критикуван поради инцидентот што го предизвика на дуелот со Кристал Палас.

Џака, во неделата, ги провоцираше навивачите на Арсенал кои со свирежи г испратија од теренот. Во налетот на лутина тој пред да влезе во тунелто го соблече дресот.

„Џака на натпревар има 400 погрешни одлуки. Речиси на секој натпревар што сум го гледал тој добива картон. Не го гледам секој натпревар на Арсенал, но кога и да ги гледам тој е опоменат од судијата“, рекол Невил за „Скај Спорт“.

Невил кој 19 години играше за Манчестер Јунајтед рекол дека воопшто не го изненадила реакцијата на Џака.

„Не прави ништо за да им ја олесни играта на соиграчите. Она што се случи во неделата не ме изненади бидејќи секогаш лошо се однесува. Тоа го следи во изминатите неколку недели“.

Каков е ова капитен? Џака ги пцуеше и провоцираше сопствените навивачи (видео)

Scroll to Top