Поранешниот кошаркар на Далас Маверикс, Џим Фармер, бил уапсен во полициска акција. Тој е обвинет дека на интернет закажал термин за с..с со малолетно лице.
Според Ен-би-си њуз, полициските службеници од округот Рутхерфорд, во сојузната држава Тенеси.
Полицијата на интернет страници поставила неколку комерцијани огласи што нудат с..с со малолетни лица. Фармер се фатил во стапицата кога закажал термин. Покрај поранешниот НБА кошаркар во акцијата биле уапсени уште 15 лица.
Фармер со кауција од 75.000 долари е пуштен да се брани од слобода. Пред судот тој треба да се појави на 13 ноември.
Џим Фармер од универзитетот Алабама продолжи во НБА лигата. На драфтот во 1987 година бил избран во првата рунда, како 20 пик од страна на Далас Маверикс. Во НБА играл и за Јута, Сиетл, Филалделфија и Денвер, а во 1993 година еден период минал во Италија во екипата на Скаволини од Пезаро.
Бил член на репрезентацијата на САД во 1997 година која на првенството на Америка го освоила златниот медал во Монтевидео.