Претседателот на УФЦ Дејна Вајт најавил спектакл за 2020 година во која една од главните улоги ќе ја има Хабиб Нурмагомедов.
Фановите на ММА имаат само една желба, противник на Нурмагомедов да му биде Тони Фергусон.
„Ја договараме борбата. Тоа ќе биде следниот меч за Хабиб. Треба да постигнеме целосен договор. Борбата би требало да биде на почетокот на наредната година“, рекол Вајт.
Последниот меч Нурмагомедов го имаше во септември кога во Абу Даби го победи Дастин Поаире, додека Фергусон последен пат се борел во јуни кога забележал победа над Доналд Серона.
Во кариерата Нурмагомедов не е поразен во 28 борби, додека тој однос кај Фергусон изнесува 25 победи и три порази.