Тренерот на Пари Сен Жермен Томас Тухел побарал од клупските челници во јануари да го засилат тимот со двајца нови играчи.
ПСЖ бележи добри резултати оваа сезона, први се во француското првенство, а во Лигата на шампионите по само три кола обезбедија место во осмина-финалето. Тухел располага со одличен тим, но смета дека му се потребни уште две засилувања.
Германскиот тренер го бара десниот бек на Борусија, Лукас Пишчек, чии квалитети Тухел добро ги познава од времето кога работел во Дортмунд. Договорот на Пишчек истекува на крајот од сезоната, што значи дека ПСЖ ќе има големи шанси да го донесат во Париз.
Тухел го бара и Емре Џан од Јувентус. Германскиот репрезентативец не игра многу кја Маурицио Сари, а незадоволството му кулминираше кога дозна дека не бил пријавен за натпреварите во Лигата на шампионите.