Интер, во летниот преоден рок, ќе има проблеми да го задржи во своите редови Лаутаро Мартинез. Покрај Барселона во трката за потписот на Аргентинецот ќе се вклучи и Манчестер Јунајтед.
Лаутаро кај Антонио Конте, о новата сезона, игра во добра форма, поради што и го привлече вниманието на големите клубови.
Интер се обидуваат да му го продолжат договорот со цел да ја зголемат клаузулата за откуп, од друга страна во Барселона се сигурни дека Аргентинецот би бил идеална замена за Луис Суарез, додека Манчестер Јунајтед сметаат дека тој ќе ги реши нивните проблеми во нападот.
Манчестер Јунајтед биле подготвени веќе во јануарскиот преоден рок да го донесат Лаутаро на „Олд Трафорд“, ако не успеат ќе се обидат повторно во јуни.
Клаузулата од 111 милиони евра во актуелниот договор на Лаутаро не претставува проблем за богат клуб каков што е Јунајтед.
Договорот на Лаутаро со Интер важи до јуни 2023 година.