Сонот на Гранада за враќање на првото место во шпанската Ла лига заврши во мадридското предградие, откако Хетафе стигна до 3:1 победа за да го остави клубот од југот на Шпанија на третото место во Ла лига.
Анхел и Арамбари донесоа 2:0 водство за Хетафе во првото полувреме, пред накратко Пуертас со голот во 74. минута да врати надеж за позитивен резултат, пред Давид Тимор да стави печат на победата во 88. минута од мечот. Гранада останува трета со 20 поени, два помалку од првопласираната Барселона и еден зад Реал Мадрид, иако двата клуба имаат меч помалку (одложеното „Ел класико“).
ЛА ЛИГА, 11.КОЛО
Еибар – Вилјареал 2:1
Мајорка – Осасуна 2:2
Хетафе – Гранада 3:1
\