Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, бил импресиониран од младиот талент на Арсенал Габриел Мартинели. 18 годишниот Бразилец постигна два гола во средата, во сепктакуларниот меч што го одиграа Ливерпул и Арсенал (5:5) во Лига купот.
Клоп и неговиот колега Унаи Емери во средата во своите тимови имаа многу млади играчи, а Германецот бил импресиониран од Мартинели.
„Нашиот Сеп ван ден Берг одигра неверојатен меч…Добро се носеше со момците од Арсенал. Мартинели има ист број на години како Ван ден Берг, но тој е талент на векот, неверојатен напаѓач“, рекол Клоп.
Габриел Мартинели летово пристигнал во Арсенал. Во последно време се почесто ја добива довербата на тренерот Емери. Досега одиграл седум натпревари и постигнал седум гола.
Импресивна е неговата статистика во Премиер лигата, каде за вкупно 45 минути постигнал три гола.