Top Sport

Дурент: Поради Дрејмонд Грин ги напуштив Вориорс (Видео)

Кевин Дурент летово ги напушти Голден стејт Вориорс и се пресели во Бруклин Нетс. Главна причина за одлуката била расправијата што ја имал со поранешниот соиграч Дрејмонд Грин.

Дурент три години го носеше дресот на франшизата од Оукленд, со која освои два шампионски прстени. Дурент беше МВП на финалињата во 2016 и 2017 година.

Последната негва сезона во Голден стејт Вориорс покрај тешката повреда на Ахиловата тетива ја обележа и жестоката расправија со соиграчот Грин во текот на натпреварот против Лос Анџелес Клиперс.

„Нема да лажам, тоа е една од причините за моето заминување. Кога соиграч за вас зборува на таков начин тогаш започнувате да мислите на сите можни работи“, рекол Дурент.

„Генерално, во Вориорс многу работи го достигнаа својот плафон, сметав дека подобро од тоа не може. Шон Ливингстон се повлече, Андре Игудала е притиснат од годините…Едноставно дојде времето за разделба“.

31 годишниот кошаркар поради тешката повреда нема да дебитира за Бруклин оваа сезона.

Scroll to Top