По паузата поради ЕХФ неделата викендов продолжуваат натпреварите во ракометната Лига на шампионите. Европскиот првак Вардар в недела од 17 часот ќе го пречека тимот на Мешков Брест.
Црвено-црните Лигата на шампионите ја отворија со три победи, а потоа во наредните два натпревари беа декласирани од Кил и Веспрем. Мечот со Мешков Брест е можност екипата да се врати на победничкиот колосек.
Но, исто како и за Вардар така и за Мешков Брест пресметката во „Јане Сандански“ е од витално значање. Белорусите имаат само една победа во првите пет натпревари.
Во пресрет на натпреварот привремениот тренер на Вардар Едуард Кокшаров се соочува со сериозни кадровски проблеми.
Капитенот Стоилов и Бразилецот Толедо нема да играат, а неизвесен е и настапот на Русите Атмапн, Горпишин, Клараш и Горбок.
„Имаме многу проблеми со повреди, не се знае кој ќе игра, наше е да излеземе, да се бориме и да победиме“ , изјавил на прес конференцијата во пресрет на неделниот натпревар капитенот на Вардар, Стоилов.