Италијанскиот тенисер Матео Беретини прв пат во кариерата избори пласман на Завршниот мастерс. Пласманот на Беретини му го обезбеди Денис Шаповалов кој го победи Гаел Монфилс во четврт-финалето на Мастерсот во Париз.
Беретини е првиот Италијанец уште од 1978 година кој ќе се натпреварува на турнирот на кој учествуваат осуммината најдобри во светот.
„Пред неколку месеци не можев да замислам дека ова ќе се случи. Ова е награда за напорната работа во текот на целата сезона“, рекол 23 годишниот тенисер.
Претходно настап на Завршниот мастерс изборија Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Роџер Федерер, Данил Медведев, Доминик Тим, Александар Зверев и Стефанос Циципас.