Top Sport

Валенсија со пресврт до победа во Барселона (Валенсија)

Фудбалерите на Валенсија победија во Барселона 2:1 и ја продлабочија кризата во која се наоѓа Еспањол.

Каталонците играа добро во првиот дел и успеаја да стигнат до предност. Во 31 минута од пенал погоди Марк Рока.

Валенсија израмни исто така од пенал. Во 69 минута сигурен реализатор беше Дани Парехо.

Целосен пресврт направи Уругваецот Макси Гомез во 81 минута.

Валенсија се наоѓа на осмото место со 17 бода, додека е на претпоследното место со само осум освоени бода.

Scroll to Top