Баерн Минхен доживеаја тежок пораз на гостувањето во Франкфурт во 10 коло во Бундес лигата. Поразот од 5:1 кај поранешниот тим може да значи отказ за тренерот Нико Ковач. Во ова коло победи забележаа двете Борусии, додека Лајпциг со 8:0 го декласира Мајнц.
Дека Баерн ќе доживее пораз во Франкфурт најави Џером Боатенг кој во деветтата минута доби директен црвен картон. Во понатамошниот тек од средбата Ајнтрахт максимално ја искористија предноста од играч повеќе на теренот.
Костоиќ и Соу постигнаа голови за предност на домашниот тим 2:0. Некаква надеж на Баерн му даде голот на Левандовски, меѓутоа Ајнтрахт во вториот дел го торпедираа Нојер. Неговата мрежа ја погодија Абрахам, Хинтерегер и Пасиенсија.
Лајпциг го декласираа Мајнц со 8:0 и се израмнија со Баерн на третото место на табелата. Хет-трик за Лајпциг постигна Тимо Вернер.
Менхенгладбах ја задржаа лидерската позиција со победата во дербито кај Баер Леверкузен. Бенд и Турам беа стрелци за Борусија, додека голот за Баер го постигна Фоланд.
Другата Борусија славеше на Волфсбург 3:0 со головите на Азар, Гереиро и Геце од пенал. Дортмунд има три бода помалку од лидерот Менхегладбах.