Top Sport

Наполи поразени од Рома, Елмас не играше (Видео)

Рома го победи Наполи со 2.1 во дербиот што се одигра во рамките на 11 коло во Серија А.

Рома до победата дојде со головите на Николо Заниоло и Жордан Верету од пенал. Инаку помеѓу првиот и вториот гол на Рома, Александар Коларов не реализираше пенал за „волчицата“.

Единствениот гол за Наполи го постигна Аркадијуш Милик.

Рома со оваа победа стигна до третото место на табелата со 22 бода, додека Наполи има 18 бода на осмото место.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше во протоколот за овој меч но не доби шанса од синот на Анчелоти, кој го водеше тимот бидејќи неговиот татко е суспендиран.

Scroll to Top