Фудбалерите на Лајпциг попладнево го декласираа Мајнц со 8:0. Лајпциг со оваа победа го стигнаа Баерн на третата позиција, имаат 18 бода четири помалку од лидерот Борусија Менхенгалдбах.
Предводник во демолирањето на Лајпциг беше германскиот репрезентативец Тимо Вернер.
Вернер постигна три гола (вториот, шестиот и осмиот) и беше асистент за други три гола (првиот, третиот и седмиот).
Последен пат некој играч ваков подвиг во Бундес лигата направил во 2001 година. Три гола и три асистенции забележал Романецот Јонел Ганеа во победата на Штутгарт над Кајзерслаутерн 6:1.