Елина Свитолина ќе ја брани титулата на завршниот Мастерс во Шенжен против светската број 1 Ешли Барти.
Свитолина во првото полу-финале на Мастерсот за противничка ја имаше Белинда Бенчиќ од Швајцарија. Бенчиќ го доби првиот сет со 7:5, потоа Свитолина израмни со 6:3 во вториот сет, а при водство на Украинката 4:1 Швајцарката го предаде мечот поради силни болки во десната нога.
Три сета за пласман во финалето одигра и Барти против Каролина Плишкова.
Тенисерката од Чешка го доби првиот сет со 6:4, а откако не искористи три брејк топки во третиот сет Барти дојде до својата игра израмни со 6:2, а потоа еден брејк и беше доволен да го добиет третиот сет со 6:3.
Наградниот фонд на Мастерсот во Шенжен изнесува 14 милиони долари.