Интер со пресврт забележаа победа 2:1 на „Ренато Далара“ во Болоња. Два гола, во последните 15 минути, за шестата последовна победа на Интер постигна Ромелу Лукаку.
Болоња без тренерот Синиша Михајловиќ одигра добар меч, а поради лоша реакција на Орсолини останаа без бод. Болоња водеше од 59 минута со голот на Роберто Соријано.
Израмни Лукаку во 75 минута кога најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Скорупски.
Во судиското надополнување на времето несмасен старт направи Орсолини над Лауатаро Мартинез, а пеналот во гол за победа го претвори Лукаку.
Интер со деветтата победа во сезоната стигнаа до 28 бод, додека Болоња остана на 12 бода. Тимот на Михајловиќ има веќе пет порази.