Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Кристијан Пулишиќ стана најмладиот добитник на наградата за најдобар американски фудбалер во 2017 година.
19-годишниот Пулишиќ го сруши рекордот на Лендон Донован, кој имаше 21 година кога беше прогласен за најдобар Американец во 2003 година, и тоа на доминантен начин добивајќи 94 отсто од гласовите.
„Навистина е голема чест да се добие вакво признание и благодарам на тие кои веруваа во мене. Не ми се верува дека сум во ваква позиција“, вели Пулишиќ, кој го доби гласовите на сите играчи кои играа за САД во 2017, американските тренери, како и главните тренери во МЛС, НАСЛ и УСЛ лигите.
Ова не е големо изненадување, бидејќи Пулишиќ постигна 6 гола и 4 асистенции за САД во 2017 и беше вклучен на некој начин (гол, асистенција, слободен удар или одбивање на топка од негов удар) во 13 од 17-те гола на САД, кои не успеаја да се квалификуваат на СП во Русија.
Во првата сезона со Борусија Дортмунд, тој имаше 25 настапи, 3 гола и 3 асистенции, а над него беше направен и одлучувачкиот пенал со кој Дортмунд стигна до 2:1 победа над Ајнтрахт во финалето на ДФБ купот.
Very humbled to win @ussoccer_mnt Player of the Year. Thank You! pic.twitter.com/j5yx4XjJFj
— Christian Pulisic (@cpulisic_10) December 14, 2017