Диего Армандо Марадона е еден од надобрите фудбалери на сите времиња. „Ел Пибе“ во 1986 година сам ја предводеше Аргентина во походот на светската титула со што во својата земја се стекна со статус на божество.
Марадона неодамна на новинарско прашање го искоментирал тврдењето на Кристијано Роналдо дека Португалецот е најдобриот на сите времиња.
Марадона низ смеаа одоговорил.
„Кажете му дека тоа е невкусна шега и дека многу се глупира“.
Потоа одоговорил на прашањето кој според него е најдобриот во историјата на фудбалот?
„Ди Стефано, Кројф, можеби и Меси“, рекол „Ел Пибе“.
Инаку, Марадона минатиот месец, изјави дека би имал повеќе „Златни топки“ од Кристијано Роналдо и Лионел Меси доколку во време кога тој беше активен во конкуренција за таа награда беа и фудбалерите кои не се од Европа. Долго време во конкуренција за „Златна топка“ беа само фудбалерите од Европа.