Top Sport

Тен Хаг ја одбил понудата од Минхен

Баерн Минхен се во потрага по нов тренер откако во неделата му врачија отказ на Нико Ковач. Неколку тренери се во комбинација, меѓу кои се и реномираните стручњаци Масимилијано Алегри и Жозе Мурињо.

Во конкуренција на Мурињо и Алгри „Билд“ пишува дека челниците на Баерн сакале на клупата да го видат тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг. Холанѓанецот во периодот кога Пеп Гвардиола бил во клубот, бил тренер на „Б“ тимот на Баерн.

Тен Хаг открил дека бил контактиран од челните луѓе на славниот германски тим. Тој им порачал дека би се пресели во Минхен но откако ќе заврши сезоната.

„Можам да потврдам дека ќе останам во Ајакс. Чувствувам силна поврзаност со мојот тим и со сите во клубот. Баерн е фантастичен клуб, се чувствувам пријатно додека работев тамо. Тој клуб е во моето срце, но сега сум во Ајакс. Не размислувам за Баерн, фокусиран сум на Ајакс“, рекол Тен Хаг.

Scroll to Top