Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, ќе биде во составот на Велс за квалификациските натпревари во ноември против Азербејџан и Унгарија. Селекторот Рајан Гигс покрај Бејл го повикал и играчит на Јувентус, Арон Ремзи.
Бејл поради повреда еден месец не е во составот на Реал, а од клубот нема никакви информации што се случува со Велшанецот. Исто така ниту од Фудбалскиот сојуз на Велс нема никакви информации околу здравствената состојба на најдобриот играч.
Познато е само дека неодамна со дозвола од клубот бил во Лондон.
Крилниот напаѓач се повреди настапувајќи за Велси во квалификацискиот меч против Хрватска.
Велс мора да слави против Азербејџан на 16 ноември, а потоа и против Унгарија за да ги задржи шансите за пласман на ЕУРО 2020.