Репрезентативецот на Србија, Адем Љајиќ, во јануари ќе го напушти Торино и ќе се пресели во Наполи или Милан, пренесува „Тутоспорт“.
Како што наведува истиот извор, последните несогласувања на Љајиќ со тренерот Синиша Михајловиќ се преичината поради која тој ќе замине од клубот. Сонародниците имале сериозни несогласувања пред натпреварот со Лацио, кој Торино го доб со 3:1, поради што Љајиќ беше отстранет од тимот и преселен на трибините.
Наполи и Милан, според „Тутоспорт“, биле подготвени да платат помеѓу 15 и 20 милиони евра за овој фудбалер.
Љајиќ досега настапувал за четири екипи во Серија А: Фиорентина, Рома, Интер и Торино и секаде имал проблеми со однесувањето.
Оваа сезона за Торино настапил на 15 натпревари на кои постигнал три гола.