Top Sport

Редок јубилеј, 50 години „Златен гонг“

Една од најстарите спортски манифестации кај нас „Златен гонг“ го слави 50 годишниот јубилеј. На годинешното издание ќе учествуваат боксери од осум држави. Македонија ќе ја претставуваат четворица боксери.

-Јубилејот од половина век период од одржувањето на првата боксерска манифестација го става “Златен гонг” на позиција на македонски спортски бренд, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

Тој додаде дека оваа манифестација дава посебен допринос во развој на македонскиот спорт благодарение на напорите на боксерската федерација, но и благодарение на освојувачите на златниот гонг низ годините што изминаа, а кои боксуваа за нашата држава: Вели Мумин, Аце Русески, Мустафа Алија, Реџеп Реџеповски, Гоце Јаневски, Примислав Димовски.

фото/facebook.com/AMSMacedonia

Scroll to Top