Натпеварот помеѓу Челси и Ајкас (4:4) одигран синоќа во Лондон долго ќе се раскажува, не поради резултатот или по тоа што Челси се врати по негатива 1:4, туку по одлуката на Џанлука Роки во еден напад да исклучи двајца играчи на Ајкас и да досуди пенал за Челси.
На многумина во тие 30 секунди многу работи што се случиле не им биле јасни. Еден од нив е и Американецот од Челси, Кристијан Пулишиќ.
„Пеналот направи натпреварот да стане целосно луд. Тоа ни даде самодоверба да постигнеме уште два гола. Општо се беше лудо. Искрено, јас воопшто не сфатив дека тие добија два црвени картони“, рекол Пулишиќ.
По неверојатното реми Челси, Ајакс и Валенсија имаат по седум бода во групата и во последните две кола ќе водат жестока борба за пласман во осмина-финалето.