Тренерот на Јувентус Маурицио Сари по драматичната победа на Јувентус над Локомотив во Москва (2:1) објаснил зошто во финишот на мечот решил да го повлече од теренот Кристијано Роналдо.
„Роналдо во овој момент не е во добра форма, а последните денови има проблем со коленото. Се обидува да го надополни со дополнителен напор но само уште повеќе го оптоварува адукторот. Во првото полувреме беше нервозен бидејќи имаше проблеми. При еден спринт направи движење што не ми изгледаше добро. Се исплашив дека ќе се повреди и го направив она што е најдобро за него, го извадив надвор“, рекол Сари.
Во 81 минута Роналдо излезе од теренот, а сликата на која јасно се забележува незадоволството го обиколи светот.
Champions League: Cristiano Ronaldo’s Furious Reaction After Being Substituted Explained By Maurizio Sarri https://t.co/0lQZ6a4XHh pic.twitter.com/qS98HAcN7w
— Vishal Rangade (@VRangade) November 7, 2019