Пеп Гвардиола го обвини напаѓачот на Ливерпул Садио Мане за симулирање, а Сенегалецот му одговирил дека нема намера да го менува начинот на игра.
Гвардиола во неделата изјави дека Мане „некогаш симулира, а некогаш постигнува одлични голови во финишот“.
Тренерот на Манчестер сити со ваква изјава реагирал на фактот што Мане против Астон Вила најпрвин доби жолт карот во обид да изнуди пенал, а потоа во 94 минута му донесе победа на Ливерпул.
„Дали секогаш кога ќе симулирам ќе добијам пенал? Ако е тоа така тогаш ќе симулирам уште повеќе“, се пошегувал Сенегалецот.
„Против Вила имаше контакт, не добив пенал, туку жолт картон. Тоа е во ред немам проблем со тоа. Важно е да бидеме максимално подготвени и да оствариме позитивен резултат“, заклучил Мане.
Ливерпул в недела во дербито ќе го пречекаат Манчестер сити. „Црвените“ имаат шест бода повеќе од Сити на табелата во Премиер лигата.