Баерн ја декласира Борусија Дортмунд со 4:0 во 103 меѓусебен дуел. На овој меч Баерн го предводеше привремениот тренер Ханс Флик.
Иако без тренер Баварците ја продолжија традицијата да излегуваат лесно на крај кога им се домаќини на „милионерите“ од Дџортмунд. Баерн одигра одличен меч, а Дортмунд по големата победа над Интер во Лигата на шампионите ги разочраа своите навивачи.
Натпреварот го обележа Роберт Левандовски, кој постигна два од четири гола на својот тим. Полјакот постави нов рекорд во Бундес лигата. Тој е првиот играч што успеал да постигне барем по еден гол во првите 11 рунди.
Баерн на полувреме водеа со голот на Левандовски во 17 минута. Во вториот дел Гнабри зголеми на 2:0 во 47 минута, потоа Хумелс со несмасна реакција си постигна авто-гол во 76 минута, а серијата ја затвори Левандовски во 80 минута.
Баерн по 11 рунди имаат 21 бод, еден помалку од Борусија Менхенгладбах, додека тимот од Дортмунд остана на 19 бода.