Пеп Гвардиола вели дека тој не би бил доволно добар да биде стандарден првотимец во Манчестер сити, неговите рекордери кои имаат 15 победи во низа во Премиер лигата.
Гвардиола беше играч од средниот ред освојувајќи со Барселона шест лигашки титули, Лига на шапиони и Куп на победници купови во 1990-тите, одигрувајќи 263 натпревари за Блауграна, а ја носеше и капитенската лента. Но, тој вели дека за него би немало место во составот на Манчестер сити.
„Нема шанси јас да играв во ваков тим. Фернандињо е многу, многу подобар и знам дека било кој тренер би го поставил прво него, а потоа мене како резерва“, вели Гвардиола.
Пред саботниот дуел со Тотенхем (17 часот), Гвардиола исто така изјави дека се сомнева дека Сити ќе успее да го повтори успехот на Арсенал од 2003/04 со освојување на титула без загубен меч.
„Тоа нема да се случи. Сигурно ќе загубиме некој натпревар, и тој рекорд му останува на Арсен Венгер. Тоа не е нормално“, додава Гвардиола.
Погледнете го талентот на најдобриот менаџер во Премиер лигата.