Неколку часа откако 33-годишната Американка Линдзи Вон стигна до својата 78. победа во кариерата, 34-годишниот Норвежанец Аксел Лунд Свиндал доминираше на спустот во Вал Гардена за својот 34. триумф од Светскиот куп и втор оваа година.
Свиндал, се врати на сии првпат по 10 месеци откако мораше предвреме да ја заврши сезоната 2016/17 по повредата на коленото на спустот во Кицбил.
Во Вал Гардена, Норвежанецот беше за 0.59 секунди побрз од својот сонародник, Кјетил Јансруд, додека веќе на третото место Австриецот Макс Инерхофер заостсануваше 0.85 секунди. Топ 5 го комплетираа Италијанецот Кристоф Инерхофер на четвртото место, и Ромед Бауман и Доминик Парис со делба на петтото место.
Утре алпскиот Светски куп се „сели“ во Алта Бадија, каде што на програмата е класичниот велеслалом.