„Шведскиот фудбалски ветеран, Златан Ибрахимовиќ доколку се одлучи за враќање во Италија, во Серија А, ќе ја избере Болоња, поради српскиот тренер, Синиша Михајловиќ“.
Ова го пишува угледниот италијански весник „Кориере дело Спорт“.
Информациите оттаму се дека Ибрахимовиќ пред се би ја прифатил понудата од Болоња пред Милан и Наполи, затоа што атмосферата во двата клуба не е добра.
Договорот на искусниот 38-годишен фудбалер со Лос Анџелес Галакси му истекува за 1 месец, па потоа ќе решава каде и дали ќе ја продолжи кариерата.
Шваѓанецот се уште размислува дали да се врати во Серија А, каде постигнуваше голови и освојуваше трофеи во дресовите на Јувентус, Интер и Милан.
Медиумите на Апенините претходно пишуваа дека Болоња за соработка од година ипол на Ибрахимовиќ му нуди 8 милиони евра.