Top Sport

Нејмар на пријателите им рекол дека сака да оди во Реал

Нејмар по само една година би можел да го напушти ПСЖ, каде пристигна за рекорден трансфер од 222 милиони евра. Речиси и да не помине ден откако Нејмар ја напушти Барселона и Пристигна во Парз, а медиумите да не лиферуваат информации дека тој сака да го облече дресот на Реал Мадрид.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, имаже желба да го донесе Нејмар уште во врето кога тој беше играч на Сантос, но тогаш трката по неговиот потпис ја доби Барселона. Тој трансфер донесе многу контроверзи поради што тогашниот прв човек на Барселона, Сандро Росел, заврши в затвор.

Перез, иако Бразилецот е во ПСЖ, не ја крие желбата да го донесе Нејмар, а како што тврди новинарот на „АС“, Игнасио Мигуелез.

„Нејмар сака да се пресели во реал и тоа веќе наредното лето. Тоа тој им го кажува на своите пријатели, му го кажал и на неговиот татко. Апсолутно сака во Реал, не сака повеќе да остане во Париз. Ова може да биде прва и последна сезона за него во ПСЖ“, пишува Мигуелез.

Бразилецот има турбулентетн период од самото доаѓање во Париз, а се кулминираше кога се испокара со Единсон Кавани на натпреварот со Лион, кој да биде изведувач на пеналот. Наводно живото во Париз му станал здодевен.

Нејмар за ПСЖ има одиграно 18 натпревари и има учинок од 15 гола и 11 асистенции.

Scroll to Top