Хозе Луис Чилаверт и Фаустино Апсрилја се легенди на Парагвај односно Колумбија. Овие двајца се актери на една од најлудите сцени во светскиот фудбал.
Пред 22 години, на натпреварот Парагвај-Колумбија (2:1) Чилаверт и Асприлја добија црвени картони. Двајцата го напуштаат теренот, Асприлја седува на клупата му приоѓа Чилаверт и го удрира со тупаница по лицето, по што следува општа тепачка на теренот.
За овој момент и за она што се случило потоа на својот 50 роденден за „Телепацифико“ зборувал Апсрилја.
Поранешниот колумбиски репрезентативец рекол дека по мечот му се јавиле луѓето на нарко-босот Пабло Ескобар.
„Ми ѕвонеше телефонот, гледам непознат број. Јас сум Хулио Фиеро, дојде кај мене в хотел“, се присетил Асприлја и продолжил.
„Стигнав таму, тој со беше со уште десетмина, сите беа пијани, со нив имаше и жени. Сите беа Парагвајки. Јас таму стигнав со соиграчот Аристизабал, а тој ми вели: ‘Ни треба твоја дозвола, овие двајца ќе останат овде во Асунсион, сакаат да го убијат дебелиот Чилаверт“.
Асприлја бил шокиран од она што го слушнал.
„Како, дали сте нормални? Тоа ќе биде крај за колумбискиот фудбал. Тоа не смее да се случи. Она што ќе се случи на теренот останува таму. Ме удри само по раката, се смиривме потоа, тука се завршува“, објаснил легендарниот Колумбиец.
На крајот Фирео се откажал од намерите да го убијат Чилаверт. Инаку телото на Фиеро било пронајдено во 2004 година.