Првото „Ел Класико“ оваа сезона ќе се игра во вечерен термин, објави Ла Лига. Дуелот помеѓу Барселона и Реал требае да се одигра минатиот месец, но мораше да биде одложено поради нестабилната политичка ситуација во Каталонија.
Ла Лига најпрвин им предложи на клубовите да го заменат домаќинството, односно дуелот да биде одигран во Мадрид, а на пролет да се игра во Барселона, меѓутоа овој предлог клубовите веднаш го одбија.
Потоа клубовите го одбија и понудениот термин од Ла Лига 7 декември.
Барселона и Реал се договорија дербито да се игра на 18 декември, а Ла Лига одреди дека дуелот ќе започне во 20 часот.