Top Sport

Милан бараат 60 милиони за тројца играчи

Челниците на Милан најавија дека клубот ќе биде многу активен во јануарскиот преоден рок. Најавуваат продажба на тројца фудбалери со кои ќе обезбедат 60 милиони евра. Овие пари веднаш би ги вложиле во нови играчи, а четири милиони од нив би отпаднале за платата на Златан Ибрахимовиќ.

Последните денови во Милан ги броеле Фабио Борини, Франк Кеси и Рикардо Родригез. Реално или не клупските челници планирале од нивните трансфери да заработат 60 милиони евра.

Што се однесува до Ибрахимовиќ, тој е легенда на Милан, со него во тимот во 2011 година клубот ја освои последната шампионска титула во Серија А, меѓутоа прашање е дали тој би се вратил во клуб кој нема ниту теоретски шанси да се бори за титулата.

Милан по 12 рунди во Серија А се наоѓаат на скромната 14 позиција со уште поскромни 13 поени.

Scroll to Top