Двете технички директиви на ФИА, за кои многумина сметаа дека се насочени кон моторот на Ферари, не успеаја да ги спречат возачите на италијанскиот тим да постават најдобро време на вториот тренинг за Бразилското ГП во Сао Пауло.
Себастијан Фетел постави најдобро време пред колегата Шарл Леклер на патеката Интерлагос, покажувајќи дека Ферари не треба да се отпишува. Леклер нема да биде конкурент за пол-позицијата во сабота, бидејќи има казна од 10 места поради поставувањето на новиот мотор, но формата е добар знак за Скудерија, посебно бидејќи Фетел го постави најдоброто време и покрај тоа што неговиот круг беше прекинат од Валтери Ботас.
Макс Ферстапен беше трет најбрз пред двојката на Мерцедес, Ботас и новиот светски шампион Луис Хамилтон, а интересно е што 7. од 18. позиција беа разделени во половина секунда, најавувајќи интересни квалификации.
FP2 CLASSIFICATION: A good session for @ScuderiaFerrari #BrazilGP ?? #F1 pic.twitter.com/1oU9q9bNae
— Formula 1 (@F1) November 15, 2019