Top Sport

Сопругата на Марез се најде во рацете на боксерот Донтеј Вајлдлер?

Љубовните триаголници никогаш не се добри геометриски тела, апсолутно не пак ако еден од „аглите“ е најопасниот боксер во светот во моментов, Донтеј Вајлдлер. Тоа на своја кожа можеше многу лесно да го почувствува фудбалерот на Манчестер Сити, Ријад Марез.

Англиски „Сан“ пишува дека сопругата на Марез, Рита се дружела со Вајлдлер во ноќен клуб, а потоа боксерот ја повикал во своето сепаре, пред фудбалерите на Сити.

„Разговараа, се смееја, хемијата беше евидентна. Блаодарејќи на тоа што во клубот имаше многу познати лица, ништо не се случи“ открил за „Сан“ анонимен извор.

Британскиот таблоид тврди дека сестрата на Марез, која била во клубот, ја оттргнала Рита од рацете на боксерот.
Марез набрзо дознал што се случило и стигнал во клубот видно вознемирен.

„Ријад беше вознемирен и шокиран, не можеше да разбере што се случува“ – се наведува.

Инаку Ријад и Рита се во брак од 2015 година и имаат 2 деца.
Погледнете какви фотографии има сопругата на популарниот фудбалер на Инстаграм:

View this post on Instagram

Good night ??

A post shared by RITA JOHAL (@rita_johal06) on

Scroll to Top