Хановер и Баер Леверкузен го одиграа најефикасниот меч овој викенд, откако на „ХДИ арената“ се постигнаа осум гола, а двата тима заработија по еден поен.
Леверкузен дојде во водство уште во 11. минута, кога Јулијан Бранд одговори одлично на нафрлувањето во шестнасетникот. Само една минута подоцна, Бебу израмни на 1:1, за домаќините да направат пресврт и со гол од пенал да поведат со 2:1 во 20. минута.
Леверкузен израмнија со голот на швајцарскиот репрезентативец со македонско потекло, Адмир Мехмеди во 20. минута, но домаќините преку Феликс Круг повторно поведоа на крајот на првото полувреме.
Во второто полувреме, Леверкузен, кои се во одлична низа, дојдоа во водство преку Јамајчанецот Леон Бејли, но во 83. минута по мешаницата пред гостинскиот гол Јулијан Корб израмни на 4:4.
Баер останува на четвртото место во Бундеслигата со 28 поени, израмнети со Борусија Дортмунд и 13 поени зад лидерот Баерн Минхен, додека Хановер се стабилни на средината на табелата – тие се на 10. место со 23 поени.