Рихард Фрајтаг го зголеми водството во генерален пласман во Светскиот куп во скијачки скокови по триумфот на големата скокалница во Енгелберг, Швајцарија.
Скоковите од 137.5 и 135 метри му донесоа 286.4 поени на Фрајтаг, 11.6 повеќе пред олимпискиот шампион, Полјакот Камил Стох, додека на третото место со само 0.1 поени помалку беше актуелниот шампион од СК, Австриецот Штефан Крафт.
Фрајтаг, кој во саботата беше второпласиран зад Норвежанецот Андерс Фанемел сега има три победи од седум натпреварувања од СК и 151 поени предност пред германскиот сонародник Андреас Велингер, кој беше само шести.
Ова беше последно натпреварување пред новогодишната турнеја „4 Скокалници“, која стартува во татковината на Фрајтаг, во Оберстдорф на 30 декември.
#FISskijumping WCup Engelberg – HS140 M ?
1⃣ Richard #Freitag ?? 286.4
2⃣ Kamil Stoch ?? 274.8
3⃣ Stefan Kraft ?? 274.7
4⃣ Johann Andre Forfang ?? 272.3
5⃣ Markus Eisenbichler ?? 270.9#skijumping— SportRisultati (@SportRisultati) December 17, 2017