Легендата на Челси, Џон Тери побарал „сините“ да не го донесат Серхио Агуеро на „Стемфорд бриџ“ во 2011 година, по што аргентинскиот голгетер од Атлетико Мадрид заврши во Манчестер сити, каде што стана рекорден стрелец на клубот.
Според „Атлетик“, Челси биле заинтересирани за сега 31-годишниот Агуеро две години пред тој да замине во Сити, но не биле подготвени да ја платат (за тоа време) високата сума која ја барале Атлетико. Но, Челси потоа продолжиле со преговорите додека Карло Анчелоти беше на нивната клупа, пред тогашниот капитен, 38-годишниот Тери не бил доволно импресиониран од Агуеро против кого играл двапати во Лигата на шампионите.
Тери, кој сега е помошник тренер во Астон вила, сакал наместо тоа Челси да го донесе Давид Вилја, кој во тој период бил фудбалер на Валенсија, но во 2010 година потпиша за Барселона.
Агуеро со Сити освои четири титули во Премиер лигата, четири во Лига купот и во ФА купот, и стана шести најдобар стрелец во историјата на ПЛ.