Top Sport

Јувентус ќе купува во Русија

Репрезентативец на Русија наскоро би можел да стане член на Јувентус. „Спорт Експрес“ открива дека „старата дама“ покажува сериозен интерес за Алексеј Миранчук од Локомотив Москва.

Според овој извор, 24 годишниот фудбалер, му дал полномошно на еден италијански менаџер да преговара околу условите од трансферот. Доколку биде постигнат договор трансферот би бил реализиран во летниот преоден рок или најдоцна во јануари 2021 година.

Информација слична на онаа што ја објави рускиот медиуми лиферуваше и италијанскиот „Спорт Медиасет“.

Миранчук има договор со Локомотив до јуни 2021 година.

Јувентус можеа да ги видат квалитетите на овој фудбалер во меѓусебните дуели во Лигата на шампионите. Јуве во двата натпревари славеа со 2:1, а двата гола за Локомотив ги постигна токму Миранчук.

Од почетокот на сезоната Алексеј Миранчук има одиграно 16 натпревари за Локомотив, забележал осум гола и три асистенции.

Scroll to Top