Пјер-Емерик Обамејанг потврди дека го продолжил договорот со Борусија Дортмунд до 2021 година, и во исто време ги нападна германските медиуми.
Неколку германски медиуми објавија дека тој потпишал „тајно“ договор со БВБ, но 28-годишниот Габонец преку Твитер порача дека договорот е потпишан одамна.
„Оставете ме да слушам музика! Многу подобро од читање весници. Одамна го продолжив договорот, но тоа не е ваша грешка, бидејќи толку знаете“, напиша Обамејанг на Твитер.
Let me Listen Music!! better than newspaper. it’s a Bit of Time i extend my contract? but it’s not your mistake, you didn’t know as often ⏰⏰ pic.twitter.com/xtvazSOQgZ
— Aubameyang P-E (@Aubameyang7) December 18, 2017
Обамејанг имаше договор со Дортмунд до 2020 година, така што се согласил само на 12-месечно продолжување на договорот.
Со оваа вест треба да стивнат постојаните шпекулации дека Обамејанг е блиску до трансфер во Реал Мадрид или Евертон веќе во јануари. Спортскиот директор на Борусија, Михаел Цорк за „Скај“ изјави дека имаат планови за Оба.
„Тој има долгорочен договор со Дортмунд и иако знаеме дека еден ден ќе замине од нашиот тим, засега тој е многу важен играч и планираме да работиме со него. Оба е неверојатен играч, не само поради 19-те голови во првиот дел од сезоната. Тој е екстравагантен лик и носи добро за Дортмунд“, објасни Цорк.