Top Sport

Се оженил Домагој Дувњак

Хрватскиот ракометар, Домагој Дувњак (31) и неговата долгогодишна девојка Луција Жуљ (31) ги разменија брачните завети.

Иако детали и фотографии од венчавката не се објавени на социјалните мрежи, ниту пак некој од неговите колеги не сподели со јавноста, сепак хрватските медиуми дојдоа до информацијата дека ракометарот „стапна на лудиот камен“ со девојката со која е заедно уште од средношколски денови.

„Не можам да го замислам животот без Луција, ќе ја запросам кога за тоа ќе дојде време. Се познаваме долго, од почетокот на средното училиште. Првите две години седевме во иста клупа и можев да ја запознаам“ – рекол Дувњак уште пред 10 години.

Хрватот кој моментно настапува за германски Кил ја продолжи соработката со клубот до 2022 година.

Scroll to Top